Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“и „спин-оф“ 5
Да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Апликантот може да е трговско друштво основано согласно Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на Република Северна Македонија или тим кој се состои од најмногу 5 (пет) членови – физички лица;
Изработка на проектна документација за проекти финасирани од ЕБРД, Светска Банка, ИПАРД Програма, Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР, ERASMUS+, со големо искуство и реализирани голем број на апликации, Horizon 2020 и други претпристапни фондови и грант шеми финансирани од ЕУ.
КОНТАКТ: 076 454 900 ИГОР, contact@t-consultants.com
#Izrabotka na proekti, #Izrabotka na proektna dokumentacija, #Proekten menadzment, #Project Management, #Proektna dokumentacija, #FITR, #Fond za inovacii, #IPARD, #Erasmus+, #Horizon 2020, #Grantovi