Фондот за иновации и технолошки развој на 13.12.2019 година објави Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој.

Јавниот повик по редовна постапка ќе биде отворен до 05 февруари, 2020 година а компаниите кои ќе аплицираат по скратената постапка ќе имаат можност тоа да го сторат до 27 декември, 2019 година. Сите информации поврзани со повикот, апликацискиот формулар, како и правилниците и формуларите за оценување се објавени на следниот линк http://www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj/

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го објави вториот повик од Планот за економски раст на Владата (ПЕР), наменет за ко-финансирани грантови за технолошки развој. Повикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) кои сакаат да го унапредат нивото на технолошки развој.

„Покрај редовната постапка компаниите од сега ќе може да аплицираат и по скратена односно “fast track” постапка. Апликантите кои ја поминале фазата на административна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање сега можат повторно да аплицираат на јавен повик со истиот, односно подобрен предлог проект.

За потребите на инвестициите за микро претпријатија и ПЗУ (претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50,000.00 евра) – финансирањето ќе изнесува максимален износ од 5 милиони денари. За мали и средни претпријатија и ПЗУ (претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10  до 250 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50,000.00 евра а помал од 10,000,000.00 евра)  ќе биде овозможено финансирање во максимален износ од 10 милиони денари.

Контакт 076454900 Игор