ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2023 за користење на средства од ИПАРД Програма 2021-2027

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во трет квартал од 2023 година ќе се објави Јавен повик за
доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 20212027 година).

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 20212027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2023 година се наменети за следните мерки:
Мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и

Мерка 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси

Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници.
НАПОМЕНА:
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 20212027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.
Подетални информации
во врска со изработка на проектната документација може да добиете на
Телефон: 02 2449176 и 076454900, или контактирајте не на
еmail адреса: contact@t-consultants.com за да закажете состанок со нашите консултанти.