Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави Повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Краен рок за достава на пријавите за грант е 18 декември 2023 година, 16:00 часот по локално време.
Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 23.494.845 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:
- минимален износ: 1.230.000 денари
- максимален износ: 2.460.000 денари
Изработка на проектна документација за проекти финасирани од ЕБРД, Светска Банка, ИПАРД Програма, Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР, ERASMUS+, со големо искуство и реализирани голем број на апликации, Horizon 2020 и други претпристапни фондови и грант шеми финансирани од ЕУ.
КОНТАКТ: 076 454 900 ИГОР, contact@t-consultants.com
#Izrabotka na proekti, #Izrabotka na proektna dokumentacija, #Proekten menadzment, #Project Management, #Proektna dokumentacija, #FITR, #Fond za inovacii, #IPARD, #Erasmus+, #Horizon 2020, #Grantovi