Кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетска и ценовна криза

Врз основа на Законот за Развојна банка на Северна Македонија (Сл.Весник на Република Македонија бр.105/2009 и Сл.Весник на Република Северна Македонија бр. 77/21), Договорот за администрирање на кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетска и ценовна криза преку директно кредитирање од РБСМ бр.13-12273/1 од 24.11.2022 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр. 1

за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро, мали и средни компании како и ТП и занаетчии кои плаќаат давачки на реален приход од Кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетска и ценовна криза

Намена на кредитот:
За обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетска и ценовна криза.
Износ на кредитот: 
  • минимален износ: 184.500 денари,
  • максимален износ:
  • 1.845.000 денари (микро, мали и средни трговски друштва)
  • 615.000 денари (ТП, занаетчии)

Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 денасо почеток од 26 декември 2022 година од 09:00 часот и завршува на 09 јануари 2023 година во 09:00 часот.

Доколку имате потреба од консултација за комплетирање и пополнување на потребната документација контактирајте не на contact@t-consultants или на тел. 076 454 900.