За стратешки инвестиционен проект се смета проект кој исполнува една или повеќе цели од точката 1.1 од Јавниот повик, а со кој се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и градот Скопје и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.
Статусот на стратешки инвестиционен проект може да се утврди според условите и постапките утврдени со овој закон за проекти во следниве области:
- Енергетика со инфраструктура;
- Транспорт и телекомуникации;
- Туризам;
- Преработувачка индустрија;
- Земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Прехранбена индустрија;
- Здравство;
- Индустриски и технолошки паркови;
- Управување со отпадни води и отпад;
- Информатичко-технолошки зони;
- Спорт;
- Наука и образование;
- Градење на големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една област од областите наведени оваа точка.