ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020
Објавен на: 08.07.2021
Трае до: 22.08.2021
1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република С Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД
Програмата 2014-2020 за следната мерка:
1. Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република С Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна
финансиска поддршка (грант) во износ од:
3.1. 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси“.
За повеќе информации контактирајте не на 076 454 900 Игор или contact@t-consultants.com