Т-КОНСУЛТАНТС е компанија основана во 2018 година која претежно работи на полето на бизнис, финансиски и проектен консалтинг. Нашиот тим вклучува менаџери и финансиски експерти во водечки институции во Македонија, и со долгогодишно искуство во деловните, финансиските, правните и трговските домени низ цела Европа.
За испорака на овие услуги Т-КОНСУЛТАНТС соработува со надворешни консултанти и соработници. Со цел проширување на својата база на консултанти и соработници, Т-КОНСУЛТАНТС ги повикува сите заинтересирани консултанти/експерти да се пријават за регистрација во базата на соработници на Консалтингот. Истите треба да пријават интерес за најмалку една од следните области:
- Проектен менаџмент и раководење со проектен циклус, мониторинг и евалуација
- Пишување на проектни апликации (ФИТР, ИПАРД, ИПА, ЕБРД, Европски претпристапни фондови и други)
- Изработка на бизнис план
- Бизнис Консалтинг, бизнис планирање и претприемништво, обработка и анализа на податоци;
- Финансиски менаџмент; Финансиски консалтинг, стратешко планирање
- Здравствен менаџмент
- Обуки за Корпоративен и бизнис менаџмент, Финансиски менаџмент, Здравствен менаџмент
- Организациски менаџмент, градење тим;
- Маркетинг, Дигитален маркетинг и продажба
- Право, лобирање и застапување;
- Организација, модерирање и фасилитирање физички и дигитални настани,
- ИТ консалтинг, програмирање, информациски менаџмент
- Консалтинг од областа на технички науки, иновации и технологија,
- Образование.
Листата не е ограничувачка и може да се пријават Консултанти од други области.
Сите оние кои сакаат да бидат дел од нашата база на податоци и станат наши идни соработници, ве молиме пополнете ја формата на следниов линк.
*Регистрацијата во дата базата не значи директно ангажирање на соработниците но потенцијална можност за селекција и ангажман при некои од идните проекти или потреби на Консалтингот.