Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф – СТАРТАПУВАЈ 3!
Цел на инструментот за поддршка
Преку овој Инструмент се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.
Поддршката ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација.
Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до преткомерцијална (претпазарна) фаза.
- активности за истражување и развој;
- развој на пилот линии/производ/и и/или услуга/и;
- активности за тестирање и валидација на нови и/или унапредени производи/услуги/процеси;
- активности за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници;
- активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и
- дизајн.
КОНТАКТ: 076454900 ИГОР, contact@t-consultants.com