Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (во понатамошниот текст само „ПЗУ“) за надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите од овој правилник.
Со јавниот повик е предвидено ко-финансирање најмногу до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари . Преостанатитe (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот (средства добиени од Фондот по која било друга основа или која било друга државна помош, нема да се сметаат за прифатливи средства за ко-финансирање од страна на апликантот)
Информации на тел.076 454 900 Игор
Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19