Фондот за иновации и технолошки развој на 13.12.2019 година објави Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој.
Јавниот повик по редовна постапка ќе биде отворен до 05 февруари, 2020 година а компаниите кои ќе аплицираат по скратената постапка ќе имаат можност тоа да го сторат до 27 декември, 2019 година. Сите информации поврзани со повикот, апликацискиот формулар, како и правилниците и формуларите за оценување се објавени на следниот линк http://www.fitr.mk/tehnoloshki-razvoj/
„Покрај редовната постапка компаниите од сега ќе може да аплицираат и по скратена односно “fast track” постапка. Апликантите кои ја поминале фазата на административна проверка и претселекција, но не биле избрани за кофинансирање сега можат повторно да аплицираат на јавен повик со истиот, односно подобрен предлог проект.
ФИТР на 25.12.2019 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“.
Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на „потврден концепт“ (proof of concept) до предкомерцијална (предпазарна) фаза и со реален план за комерцијализација. Сите информации поврзани со повикот, апликацискиот формулар, како и правилниците и формуларите за оценување се објавени на следниот линк http://www.fitr.mk/startapuvaj-2/#toggle-id-1
Инструментот е наменет за финансирање на новоосновани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со солидно очекување за комерцијализација.
Контакт телефон: 076 454 900 (Игор), contact@t-consultants.com или преку контакт формата.