ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИПАРД 2

Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Корисници
  • Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
  • Задруги.

Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

Приоритетни сектори
  • Преработка на млеко и млечни производи;
  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
  • Растителни и животински масти и масла;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
Прифатливи инвестиции
    • Конструкција или реконструкција на згради и друг недвижен имот кој се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи, помошни простории, објекти кои придонесуваат кон заштита на животната средина или заштита при работа и потребната опрема.
    • Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:
    • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
    • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
    • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
    • Заштита на животната средина;
    • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
    • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
    • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
    • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
    • Развој и воспостваување на инфраструктура, на имот кој е во сопственост на претпријатието, со цел задоволување на потребите на производната активност на претпријатието.

КОНТАКТ НА 076 454 900 (ИГОР), contact@t-consultants.com или на формата во продолжение

  • Контакт