Изработка на проектна документација за ИПАРД 2

Согласно јавниот повик за Мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, од ИПАРД 2 изработуваме проектни апликации за овој повик.

Оваа мерка нуди можност за кофинансирање на трошоците за инвестиции во

1. Инвестиции во алтернативно земјоделско производство

2. Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци

3. Инвестиции во производство на не-прехрамбени производи Сите производствени активности кои се однесуваат на не-прехранбени производи согласно прилог 5 на ова упатство “Листа на прифатливи не-прехрамбени активности по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”.

4. Инвестиции во занаетчиски дејности. Сите дејности пропишани со „Правилник за измена на Правилникот за определување на дејностите кои можат да ги вршат занаетчиите “Службен весник на Република Македонија бр 44/09”

5. Инвестиции во обезбедување на услуги во земјоделството

6. Инвестиции во услуги за руралното население

7. Инвестиции во рурален туризам

Преку оваа мерка се овозможуваат инвестиции во занаетчиски дејности, услуги во земјоделството, во рурален туризам и друго. Кофинансирањето на трошоците е 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Повеќе на

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2019 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020